7 типа на болка во градите, кои никако не треба да се игнорираат

Фото: Профимедиа

Најважната работа што треба да ја запомните: Информирајте го вашиот лекар за каква било болка во градниот кош!

Без оглед на тоа колку описот на пациентот упатува на помалку сериозна дијагноза, секогаш кога лекарите ќе ги слушнат зборовите „болка во градите“ или „стегање во градите“, сметаат дека е најдобро темелно да се испитаат сите можни причини. Симптомот на непријатност во градите е поделен на неколку медицински состојби. Ниту еден вид болка во градите не треба едноставно да се елиминира. Еве зошто апсолутно треба да се обратите на лекар:

1. Болка која се интензивира со тек на времето или боли дури и кога одморате

Лекарите се загрижени кога пациентот пријавува болки или стегање во градниот кош, коишто се влошиле во последните денови или недели. Исто така, треба да пријавите каква било „болка во мирување“, а тоа е кога имате симптоми на притисок во градите, дури и ако не се напрегате. Тоа би можело да биде знак за проблем со срцето. Болката што укажува на состојбата на срцето може да се влоши и кога се занимавате со некоја активност, а потоа брзо исчезнува кога ќе престанете со активноста.

2. Чувство како некој да ви седи врз градниот кош

Непријатноста во градниот кош може да биде предизвикана од блокада на протокот на крвта во срцето, што може да резултира со ангина или исхемија на миокардот – наречена срцев удар. Тоа може да се чувствува како напнатост или тежина, речиси како некој да ви седи на градите, или понекогаш може да се појави како остра или тапа болка или непријатност.
Во некои случаи, може да се појават други симптоми, како што се непријатност која се шири на вилицата или надолу на левата рака, отежнато дишење, нетолеранција на вежбање, чукање на срцето или вртоглавица. Кардиолозите истакнуваат дека срцевиот удар може да се случи дури и без непријатност во градите.

3. Остра болка кога вдишувате или лежите на страна

Ако непријатноста се влоши кога длабоко вдишувате или лежите на левата страна, тоа може да укаже на перикардитис (воспаление на ќесето што го „држи срцето“). Акутна болка или притисок може да бидат предизвикани и од перикардитис, миокардитис (воспаление на срцевиот мускул), кардиомиопатија (слабеење на срцевиот мускул) и други сериозни срцеви заболувања. Болката во градите е присутна на различни начини кај кардиоваскуларните проблеми, затоа што побрзо закажете состанок со вашиот лекар за да ја утврдите причината.

4. Болки ако го притиснете подрачјето

Болките во градите може да бидат предизвикани и од оштетување или воспаление на мускулите, зглобовите, коските или сврзното ткиво. Ова може да укаже на тоа дека имате работа со напнат или скинат мускул, фрактура на ребро или костохондритис, а тоа е воспаление на ‘рскавицата на местото на кое се прицврстени ребрата. Обично ќе можете да се присетите кога сте претерале и потенцијално сте повредиле одредена област, на пример, зголемувајќи ја тежината на тренинг.
Покрај тоа, ако имате мускулно-скелетна причина за болка, речиси секогаш ќе можете да го притиснете тоа подрачје и да ја репродуцирате болката. Значи, ако имате скршено ребро, ако го притиснете тоа место, ќе ве боли. Овој вид на непријатност во градите ќе се влоши кога го користите повреденото подрачје, но не и ако користите друг дел од телото. Ако престанете да го движите болното подрачје, болката веројатно ќе исчезне. Откако лекарот ќе ги отфрли причините за непријатностите поврзани со срцето, болката може да се третира со антивоспалителни лекови и одмор.

5. Интензивна болка при длабоко вдишување или во рамото

Проблемите со белите дробови можат да предизвикаат притисок или болка во градите, а овие знаци обично се поврзани и со вашето дишење. Непријатноста што се влошува со длабоките вдишувања може да укаже на воспаление на белодробната марамица, познато како плеврит (pleuritis). Кога тоа ќе се случи, исто така, може да почувствувате болка во рамото. Ќе ви требаат таргетни лекови и лекарски третмани за да ги ублажите симптомите и да го поттикнете закрепнувањето.
Болката во градите или притисокот може слично да се појават пред напад на астма, кога имате пневмонија или кога тромб ги затнува крвните садови во белите дробови.

6. Печење во градниот кош или во близина

Проблемите со дигестивниот систем можат да создадат болки во градите кои обично се чувствуваат како печење или стегање. Воспалението на хранопроводот (цевката што ја поврзува устата со желудникот), рефлуксот на киселина или пептичен улкус (чир што се развива на желудникот или на тенкото црево) може да предизвикаат ваква непријатност. Ако се покаже дека проблемот е во вашиот дигестивен систем, лекарот веројатно ќе ви препише лекови. Тој ќе ве советува да избегнувате тешка и зачинета храна пред спиење и да ја кревате главата додека лежите.

7. Ненадејно стегање со отежнато дишење и чукање на срцето

Болките во градите може да бидат секојдневен симптом на анксиозност или може да се појават во контекст на паничен напад, при што ќе бидат поврзани со отежнато дишење, срцебиење и потење. Многумина кои претходно не го доживеале ова, може да помислат дека имаат срцев удар, бидејќи симптомите се слични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот