6 трикови што можат да ви го спасат животот: Еве како безбедно да го запрете автомобилот доколку ви откажат сопирачките!

Фото: Профимедиа

За среќа, тоа навистина ретко се случува, но никогаш не се знае…

Значи, сепак постои можност, дури и во скапите автомобили, да дојде до откажување на сопирачките.

Во тој случај, овие чекори можат да ви помогнат да избегнете сериозни повреди и воедно да ви го спасат животот.

 

1) Тргнете го стапалото од педалата за гас и вклучете ги четирите светла веднаш.

2) Продолжете да ја притискате сопирачката, колку што е можно побрзо и што е можно поцврсто.

3) Префрлете го менувачот во прва брзина.

4) Повлечете ја рачната сопирачка, но полека и без нагли движења – брзото повлекување може да го занесе автомобилот.

5) Ако е можно, полека приближете се до некоја заштитната ограда која е паралелна на автомобилот, допрете се полека до неа со возилото, тоа ќе биде оштетено но значително ќе го забави автомобилот и ќе ви го спаси животот.

6) Обрнете внимание на околината – ако видите густа, мека површина како земја и трева или песок, свртете го автомобилот во таа насока. Направете го ова само ако веќе се движите со брзина не повеќе од 15 километри на час.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот