1МФЛ: Шкупи ја „мириса“ титулата, Шкендија ремизираше со Ренова

шкупи
Чаирчани се многу блиску до освојување на титулата во 1МФЛ/Мамаду Данфа („Шкупи“)/Фото: kfshkupi.com

Денеска се одигра 27 коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), Шкупи запиша нов триумф откако на домашен терен со 3:1 го совлада Борец.

Домаќините поведоа во 18 минута со голот на Сенгхор, а истиот играч 180 секунди подоцна си постигна автогол за израмнување на резултатот. Адетунџи во 66 минута и Маргвелашвили во 82 минута ја донесоа победата на чаирчани, нивна 20-та сезонава во шампионатот.

Сега играчите на тренерот Гоце Седлоски се на „плус 13“ од второпласираната Шкендија, бидејќи тетовските „црвено-црни“ одиграа само реми против Ренова.

Шкендија имаше предност по првиот дел со погодокот на Хасани во 36 минута, но „гипсарите“ дојдоа до бод во второто полувреме, поточно во самиот финиш домашната мрежа ја затресе Шефити (88`).

Академија Пандев ја оправда фаворитската улога против Пелистер со головите на Митровски (51`) и Велиновски (86`). Струга Трим Лум славеше минимално над Скопје, стрелец на единствениот гол за стружани беше Радиќ во 67 минута. Со истиот резултат Работнички беше подобар од Тиквеш (Максимов, 29`).

Немаше победник на мечот Македонија ЃП – Брегалница (1:1), штипјани стекнаа позитива во 59 минута (Ѓокиќ), а израмни Емини од пенал во 78 минута.

Прва лига
27. коло

Недела, резултати –

Работнички – Тиквеш 1:0
Академија Пандев – Пелистер 2:0
Македонија ЃП – Брегалница Штип 1:0
Шкендија – Ренова 1:1
Шкупи – Борец 3:1
Струга Трим Лум – Скопје 1:0

Табела: Шкупи 65 бодови, Шкендија 52, Академија Пандев 52, Македонија ЃП 50, Ренова 38, Брегалница Штип 38, Работнички 37, Струга Трим Лум 36, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот