1МФЛ: Нов тренер, стари навики на Шкендија

Фото: Фејсбук/Шкендија

Академија Пандев со триумфот од 1:0 на гостувањето кај шампионот Шкендија барем привремено се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Единствениот гол на дербито во Тетово го постигна српскиот интернационалец Марио Маслаќ во финишот на првото полувреме (45+2).

Сега струмичани се први и имаат еден бод повеќе од Вардар, кој в сабота гостува кај Македонија Ѓорче Петров. Шкендија заостанува цели 10 бода зад Академија Пандев.

Денеска деби на клупата на тетовци имаше новиот тренер Ѓока, но и тој не успеа многу да ги смени работите, па Шкендија го претрпе дури петтиот пораз во десет кола.

Останатите четири средби од рундата ќе се одиграат в сабота со почеток од 14.30 часот: Борец-Шкупи, Македонија ЃП-Вардар, Работнички-Струга Трим Лум и Силекс-Ренова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот