15 диуретици што го забрзуваат слабеењето и го нормализираат крвниот притисок

Со редовно користење одредени намирници, ќе помогнете во нормализирањето на работата на виталните органи, ќе го нормализирате крвниот притисок, а доколку сакате да ослабете со јадење на овие плодови, значително многу ќе ја намалите половината во обем и комплетно ќе ги изгубите отоците на екстремитетите.

Доколку имате проблеми со собирањето на водата во телото или страдате од висок крвен притисок, време е да почнете секојдневно да јадете храна со високи диуретски својства.

Доколку сте во недоумица кои плодови спаѓаат во групата на диуретици, во продолжение прочитајте за 15-те најдобри избори за чистење на телото и намалување на насобраната вода. Со нивно редовно користење, ќе помогнете во нормализирањето на работата на виталните органи, ќе го нормализирате крвниот притисок, а доколку сакате да ослабете со јадење на овие плодови, значително многу ќе ја намалите половината во обем и комплетно ќе ги изгубите отоците на екстремитетите.

Овес

Овесот спаѓа во врвна храна што помага да ги изгубите непосакуваните килограми. Овесните снегулки многу ќе помогнат од телото да ја исфрлите акумулираната вода што сериозно може да му наштети на здравјето.

Лимон

Лимонот не само што го подобрува вкусот на секое јадење, туку доколку го додадете во водата што ја пиете, може да помогне да решите многу здравствени проблеми, како високиот крвен притисок, да помогне во подобрување на работата на дигестивниот систем и да помогне да го зајакнете имунитетот.

Прокељ

Иако оваа исклучително здрава намирница најверојатно не е на врвот на омилени плодови, сепак прокељот е исклучително здрав и корисен за телото. Прокељот најмногу го јадат оние што сакаат за краток временски период да ослабат од пет до десет килограми.

Целер

Овој зеленчук во својот состав содржи големо количество вода, кое многу позитивно влијае врз работата на бубрезите и помага за полесно исфрлање на отровите од телото.

Ѓумбир

Ѓумбирот уште од многу одамна е прогласен за едно од најлековитите растенија што ни ги дала природата. Неговиот карактеристичен мирис и вкус е исклучително погоден за луѓето од различни возрасни групи, вклучувајќи ги тука и децата. Ѓумбирот како растение може да се додава во благи, но и во солени јадења, а се користи и како додаток за интензивирање на вкусот и во голем број алкохолни и безалкохолни пијалаци. Покрај подобрување на вкусот на храната, ѓумбирот многу помага и во исфрлање на течностите од телото, а истовремено го зајакнува и имунитетот.

Јаболков оцет

Ова е уште една намирница што задолжително треба да ја имате во кујната. Јаболковиот оцет се користи за зајакнување на имунитетот како и за намалување на масните наслаги во пределот на стомакот. Токму затоа, се пие рано наутро на празен желудник. Со пиење само 10 милилитри од јаболковиот оцет, за 40 отсто го забрзувате метаболизмот, а со тоа потпомагате и многу побрзо да ослабете.

Цвекло

Овој коренест зеленчук е одличен диуретик, а меѓу другото во својот состав содржи и големи количини антиоксиданти, кои го чуваат организмот од штетното влијание на слободните радикали.

Зелка

Зелката може да ви помогне да го зачувате здравјето на многу начини. Со нејзино редовно внесување во исхраната, ќе внесете значајни количини лековити материи.

Сок од брусница

Овие вкусни зрнца се одлични за зачувувањето на здравјето на уринарниот тракт, а истовремено многу помагаат и во подобрувањето на работата на бубрезите.

Магдонос

Магдоносот на овие простори се користи како дел од голем број јадења. Ова растение доста успешно го чисти телото од штетните наталожени материи, а истовремено многу помага и во зајакнувањето на имунитетот.

Напитоци со кофеин

Кафето, чајот и другите напитоци што во својот состав содржат кофени, важат за одлични диуретици. Сепак, обрнете внимание на количината бидејќи во никој случај не смеете да претерате со големи количества испиено кафе во текот на еден ден.

Модар патлиџан

Доколку барем два до три пати во текот на неделата во јадењето додадете неколку парчиња модар патлиџан, тогаш дури за 50 отсто ќе го намалите вишокот на течности што се наталожени во телото.

Домат

Црвениот и зрел домат е храна што е многу употребувана на нашето поднебје. Овој зеленчук е познат диуретик и доколку редовно го јадете, многу ќе помогне во намалувањето на чувството на надуеност.

Лубеница

Кога станува збор за ова исклучително вкусно овошје, потребно е да се знае дека освен што има неверојатно добар вкус, има и неверојатна лековита моќ целосно да го забрза процесот на слабеење.

Краставица

Краставицата исто како и лубеницата е составена од голем процент вода и токму затоа, препорачливо е што повеќе да ја јадете, особено во периодот од годината кога температурите се многу високи.

Покрај овие намирници, не заборавајте да ги вклучите и јаболката, мангото, слаткиот компир, лутите пиперчиња, како и најдобрите сојузници против настинките – лукот и кромидот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот