Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

12-годишно момче во Србија почина откако испи отров за прскање овоштарник

Дванаесетгодишно момче од околината на српскиот град Ивањица починало вчера во болница во Белград, откако во саботата по грешка испило отров за прскање овоштарник, мислејќи дека е сок, објави „Нова“.

Како што неофицијално дознаваме, тоа им кажало на родителите дека испило две голтки, по што веднаш било примено во болницата во Ивањица, каде што во првите часови било стабилно, но имало мачнини и стомачни тегоби.

Како што дознава „Нова“, од болницата во Ивањица веднаш го испратиле во Чачак за да се направат дополнителни испитувања. Меѓутоа, веднаш по приемот било испратено за Белград.

— Лекарите не успеаја да го спасат, отровот беше толку силен — вели извор запознаен со случајот.

Детето што се затру со таблети денеска ќе биде пуштено од Детската клиника, докторите апелираат лековите да се чуваат на сигурно

Жителите на Ивањица се во шок поради трагедијата што ги снајде. За починатото момче сите имаат само пофални зборови, како и за неговото семејство.

— Децата денес во училиштето плачеа, никој не може да верува што се случи — вели соговорникот.

Момчето најверојатно им помагало на родителите.

— Кога ожеднело, испило течност од пластично шишенце мислејќи дека е сок, меѓутоа тоа бил отровен раствор што родителите го користеле за прскање на овоштарникот против плевел — вели  еден од мештаните.

Млад гостиварец починал во болница – обдукција ќе ја утврдува причината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот