Скопје на пат да стане европска зелена престолнина

За 13 месеци треба да биде подготвен Акцискиот план „Скопје – зелен град“, со што Скопје ќе биде првиот град во државата што ќе се вклучи во мрежата на зелени градови, проект поддржан од Европската банка за обнова и развој. Со имплементацијата на овој проект ќе се постават темелите за реализација на низа идни проекти поврзани со животната средина, информираат од Град Скопје.

На денешниот воведен состанок и работилница која се одржа во хотелот „Холидеј ин“, покрај претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов кој нагласи дека полека станува реалност визијата Скопје да стане европска зелена престолнина. Според него, изработката на Акцискиот план „Скопје зелен град“ значи фокусирање на низа предизвици. Шилегов нагласи дека градската власт веќе презела конкретни чекори за унапредување на животната средина, како што е на пример набавката на автобуси на гас.

Во изработката на Акцискиот план, како што рече градскиот татко, фокусот ќе се стави врз сообраќајот, градежните објекти, водата, воздухот. Планот ќе се изработува 13 месеци, а потоа него треба да го усвои Советот на Град Скопје. Во него ќе бидат опфатени и приоритетите што треба да се реализираат на краток и среден рок.

Со проектот ќе раководи Најџел Јованс од ЕБОР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот