Звицер и Џони се кријат заедно, ги штитат латиноамериканските нарко – картели

Радоје Звицер водачот на Кавачкиот клан и Никола Вучовиќ ака Џони од Врачар се кријат заедно во Бразил или Доминиканска Република.

Цитирајќи оперативни информации од безбедносните служби порталот Newsbeezer.com објавува дека Џони веќе е десна рака на Радоје Звицер и дека заедно организираат пратки на големи количини кокаин од Јужна Америка кон Европа.

За нив се вели дека се заштитени од моќни нарко-картели. Се верува дека Звицер дошол во Бразил преку Босна и Херцеговина и Шпанија, а во истата област се крие човек кој сега е негова десна рака Никола Вучовиќ.

Да потсетиме, по апсењето, Вучовиќ беше задржан на кратко, но успеа да биде ослободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот