Ѕвездите ни откриваат: Ова е хороскопскиот знак кој најмногу изневерува!

Фото Профимедиа

Неверството е најчестата причина поради која се растураат љубовните врски и брачните заедници. За тоа е виновен карактерот на личноста која изневерува и која не може да се бори против својата природа.

Понекогаш склоноста кон неверството и ноќните авантури се припишуваат на астрологијата и ѕвездите, а астролозите велат дека токму овој хороскопски знак е најсклон кон ова однесување.

Станува збор за Стрелецот. Брачните партнери на Стрелецот сметаат дека најголемата маана на нивните сопружници е склоноста кон неверството. Доблестите кои пак најмногу се ценат кај Стрелците се нивната толеранција и подготвеноста за опростување, а нивните партнери истакнуваат дека често во домот знаат да внесат ведрина и динамика. Статистичките податоци велат дека бракот меѓу Стрелец и Близнаци е комбинација која најчесто завршува на суд, бидејќи и двата знака се склони на ова негативно однесување.

На второ место се Близнаците. Истражувањата покажуваат дека Близнаците се најзастапени во групите на оние кои и во зрелите години го задржуваат својот млад изглед и стил на облекување или носат смели бои и модни детали кои се во тренд. За тоа дека на Близнаците никогаш не им е доста од љубовта, сведочат и податоците кои велат дека во домовите за постари лица најмногу се венчаваат припадниците на овој астролошки знак. Неколку погрешени бракови за нив не се причина за уште еднаш да не го изговорат судбоносното „да“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот