Зошто вчеравечер доцнеше статистиката за ковид-19?

Медицински работници/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Наместо како вообичаено, статистиката на новите случаи позитивни на ковид-19, како и состојбата по градови и смртноста во болничките капацитети да биде објавена во доцните попладневни часови, вчеравечер Министерството за здравство ја објави состојбата пет минути пред полноќ.

Ова се случува за првпат од почетокот на пандемијата, но евидентно е дека како што расте бројката на заразени, така се поместува и времето во кое што се објавуваат податоците.

На почетокот на пандемијата, во март, статистиките беа објавувани до 14 часот, потоа со зголемувањето на интензитетот и растот на бројот на случаите во 18 часот, а последниве два месеци и по 20 часот.

„Слободен печат“ од свои доброупатени извори дознава дека екипите на Институтот за јавно здравје вчеравечер работеле до доцна во ноќта затоа што рачно морало да се проверуваат пациентите кои што системот не ги генерирал со едноставно впишување на матичниот број и на името и презимето.

– Проблемот беше тоа што системот на ИЈЗ беше премногу оптоварен, затоа што се правеа проверки рачно по матични броеви. Премногу тестови се направени и за дел од нив рачно се проверуваше лицето според податоците, во која лабораторија е направен тестот, еден по еден се бараа луѓето, вели нашиот извор од здравството.

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот