Зорман: Македонија е сериозна репрезентација и негува брз, модерен ракомет
На 12 март во Скопје најдобрата македонска машка ракометна репрезентација против Словенија ќе го игра третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.
Препорачано
Четири дена подоцна нашите најдобри ракометари ќе се соочат повторно против Словенците овојпат на гостински терен.
Во квалификациската група 1 Словенија има четири бодови, по два Македонија и Литванија, а ниту еден Естонија.
Словенечкиот селектор Урош Зорман повика 20 играчи за дуелите против Македонија: Пастор, Благотиншек, Цокан, Грошељ, Хенигман, Хоржен, Јанц, Кавчиќ, Кљун, Кодрин, Лесјак, Макуц, Маргуч, Миличевиќ, Слатинек, Сухилежник, Тајник, Влах, Вујовиќ, Зарабец.
– Ни претстојат два многу важни натпревари со Македонија. Очекуваме многу од нив. Тие се секако многу сериозна репрезентација, што е докажано во последниве години, кога постојано се во подем. Македонците вложуваат многу во ракометот и негуваат брз, модерен ракомет. Сигурно ќе играат пред преполни трибини, што ќе биде голема мотивација за нив, но и ние сме навикнати на многу работи и овие работи не треба да влијаат на нас или да станат оправдување – рече Зорман.


