Зонско паркирање зад ТЦ „Три Бисери“

Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери” по барање на жителите од тој дел на Општина Аеродром.

Од општината информираат дека ЈП „Градски паркинг” во моментов поставува информативни табли на локацијата, што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде има воведено вакво паркирање и ќе важи од 7 до 23 часот секој ден освен недела.

Добра вест за станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром е што ќе можат бесплатно да паркираат по три возила што се водат на иста адреса. Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром, посочуваат од општината.

Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во кол-центарот. што се наоѓа зад ТЦ „Бисер”. Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени тука.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот