ЗОИ Пекинг 2022: Организаторот ќе дели кондоми, но не препорачува прегратки

Соодветни количества кондоми бесплатно за луѓето кои ќе бидат во „балонот“ во Пекинг/Фото: EPA Roman Pilipey

Организаторите на Зимските олимписки игри во Пекинг ја задржуваат традицијата на делење кондоми за спортистите и покрај деталните упатства за социјално дистанцирање наменети за спречување на ширењето на ковид-19 во „балонот“ во кој ќе се одржуваат Игрите.

– Ќе се обезбедат соодветни количества кондоми бесплатно за луѓето кои ќе бидат во „балонот“ – изјавија организаторите.

Игрите ќе се одржат од 4 до 20 февруари во Пекинг и во блискиот град Жанџијаку во „балон“ што строго ќе ги оддели спортистите и другиот персонал на Игрите од јавноста.

Во упатствата за мерки за ковид-19 за учесниците на Игрите, спортистите добиваат инструкции да ги минимизираат физичките контакти како што се прегратки, ракувања и да одржуваат социјална дистанца од најмалку два метри од колегите натпреварувачи.

Пред Игрите во Токио минатата лето, организаторите рекоа дека планираат да подарат околу 150.000 кондоми, но им рекоа на спортистите да ги однесат дома наместо да ги користат во олимпиското село поради правилата за социјално растојание и мерките за коронавирусот.

Голем број на кондоми беа дадени на Игрите од Олимпијадата во Сеул во 1988 година за да се подигне свеста за ХИВ и СИДА, а организаторите во Токио рекоа дека Интернационалниот олимписки комитет побарал нивна континуирана дистрибуција.

Ставре Јада: Минимум забава, максимум тренинг е формулата за настап на Игрите

ЗОИ Пекинг 2022: Бразилец петти пат ќе настапи на Зимски олимписки игри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот