ЗОИ Пекинг 2022: Бразилец петти пат ќе настапи на Зимски олимписки игри

Бразилецот Едсон Биндилати е натпреварувач во дисциплината боб-четворосед/Фото: EPA Filip Singer

Бразилецот Едсон Биндилати ќе го има својот петти и последен настап на Зимските олимписки игри, откако беше именуван како дел од 11-члениот тим на Бразил за Пекинг 2022 година.

Тој е натпреварувач во дисциплината боб-четворосед. Биндилати (42), кој ја започна својата спортска кариера како атлетичар пред да се префрли на боб, најави дека ќе се пензионира по завршувањето на Игрите, кои треба да бидат отворени на 4 февруари и ќе траат до 20 февруари.

Тој настапуваше на ЗОИ во Солт Лејк Сити 2002, Торино 2006, Сеул 2014 и Пјончанг 2018 година Покрај него во бразилскиот тим се Едсон Мартинс, Ерик Виана и Рафаел Соуза.

Пред четири години Бразилците завршија на 23. место во Пјончанг, но Биндилати има големи надежи за настапот во Пекинг.

– Кога почнавме, не знаевме што правиме, но имавме голема поддршка од другите тимови, од странски тренери. Денеска сме многу позрели. Се надеваме дека ќе стигнеме до финалето – изјави бразилскиот ветеран.

Бразил ќе го има својот деветти настап на ЗОИ на Игрите во Пекинг 2022, откако го имаше своето деби на ЗОИ Албервил 1992 година. Бразил се уште нема медал од ЗОИ.

Видео на денот