Венко Филипче Фото: СДСМ

ЗНМ и ССНМ: Недозволиво е претседател на партија да упатува тешки обвинувања и да дискредитира новинари

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа.

„Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса во која политички субјекти сè почесто се обидуваат да поттикнат кампањи и наративи за оцрнување кон поединечни новинари и редакции“, реагираат медиумските организации.

Оттаму нагласуваат дека медиумите не смеат да се користат како средство во партиска политичка пресметка. Префрлањето вина кон новинари и редакции, како и нивно јавно етикетирање, велат ЗНМ и ССНМ, не е демократски однос кон слободата на изразување и улогата на медиумите во општеството.

„Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и преку законски процедури, а не преку јавни политички кампањи против конкретни новинари и медиум. Во спротивно, политичките чинители ја намалуваат довербата кон медиумите преку своите вакви постапки, а тоа не е во духот на вредностите за кои треба да се залагаат. Ги повикуваме сите политички партии во иднина да се воздржат од јавни изјави што можат да поттикнат притисок, дискредитација или недоверба кон новинарите и медиумските работници. Меѓународните стандарди јасно укажуваат дека политичарите и јавните функционери треба да покажат повисоко ниво на толеранција кон медиумско известување и да не користат понижувачки јазик кон новинарите“, стои во реакцијата на ЗНМ и ССНМ.

ЗНМ и ССНМ велат дека ќе продолжат внимателно да ги следат ваквите случаи и јавно да реагираат секогаш кога новинари и медиуми ќе бидат изложени на политички притисок или јавно таргетирање.

Филипче: Ќе побара ли Владата екстрадиција на Груевски?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот