Злато / Фото: Архива на Слободен печат

Златото поскапе, денес грам се продава по 117,5 евра

Грам злато денес се продава за 117,5 евра, а една унца (31,1 г) достигна вредности меѓу 3.651 евро и 3.652 евра. Глобалната „spot“-цена на златото (обично деноминирана во долари) во моментов е под притисок како резултат на зголемени каматни стапки и очекувања од страна на инвеститорите за потенцијални чекори на централната банка на САД. Во исто време, слабеењето на доларот во однос на еврото го „омекнува“ ефектот од евентуалниот пад на златото за оние што купуваат или продаваат во евра што делумно ја ублажува волатилноста. За оние што размислуваат да купат злато денес треба да знаат дека цената од 117 евра за грам е минимална во моментов, но реалната цена на накит или малопродажба може да биде повисока поради дополнителни трошоци. Инвеститорите пак треба да имаат на ум дека цената може да варира зависно од меѓународните финансиски движења, курсот евро-долар, како и побарувачката.

Среброто сјае на светските пазари како алтернатива на златото

Во текот на изминатите седум дена, цената на златото во евра забележа блага неделна добивка одржувајќи ја својата атрактивност како безбедно средство за инвестиции. Во некои денови на неделата, цената бележеше и краткорочни корекции под влијание на пазарот и негативни сигнали од одлуките на Централните банки, но генералната линија остана позитивна со нето неделно зголемување.

Златото ја одржа својата вредност оваа недела со благи позитивни поместувања во евра, поддржано од очекувања за поволни монетарни политики и глобална финансиска неизвесност. Инвеститорите и натаму гледаат на златото како стабилен „безбедносен“ актив во време на нестабилност на пазарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот