Среброто сјае на светските пазари како алтернатива на златото

Среброто се пробива на светските пазари како сè поатрактивно средство за инвестирање, покажуваат извештаите на Блумберг. Зголемената неизвесност на глобалната економска сцена поттикната од царинските политики и трговските конфликти иницирани од администрацијата на Доналд Трамп ги пренасочува инвеститорите кон посигурни форми на заштита на капиталот.

Во периоди на политички тензии и инфлациски притисоци, златото традиционално ја презема улогата на најсигурно засолниште. Но оваа година, по неговото значително поскапување, сè повеќе инвеститори се вртат кон среброто метал кој нуди слична стабилност, но со далеку пониска цена. Побарувачката кај инвеститорите и централните банки расте, бидејќи двата метали се користат како заштита од девизни осцилации, слабеење на валутите и зголемен геополитички ризик. Дополнителен адут на среброто е неговата широка индустриска примена. Среброто е исклучителен електричен спроводник и незаменлив материјал во електроника и прекинувачи, електрични возила и батерии, производство на соларни панели, медицинска опрема и заштитни премази. Овој раст на индустриската употреба, во комбинација со залихи кои се движат околу историски најниски нивоа, ги засилува стравувањата од потенцијален недостиг. Дел од производителите веќе размислуваат за замена на сребрените компоненти со поевтини метали, особено поради високите цени во последните години.

Паралелно со индустријата, среброто останува популарно и во производството на накит и монети – особено во Кина и Индија, кои се најголемиот светски пазар за овој метал. Покрај приватните инвеститори, значајна улога имаат и владините ковници, кои користат сребро за производство на монети и прачки. Неговата ниска цена по унца го прави привлечен за помалите инвеститори, но цената на металот често се движи многу поостро отколку онаа на златото.

Дали судбината на златото е во рацете на една нација?

Иако златото и понатаму останува најсигурното светско складиште на вредност, растечката достапност и пониската влезна цена го претвораат среброто во сериозна алтернатива.

Идниот тренд на неговата цена, според аналитичарите, ќе зависи од тоа како ќе се развиваат глобалните економски состојби и какви политики ќе донесат водечките земји и централните банки. Доколку неизвесноста продолжи, побарувачката за безбедни и достапни метали како среброто најверојатно ќе остане силна- пишува Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот