Злато за Мила Рељиќ во Талин, Македонија има европска клупска шампионка во таеквондо

Фантастичен успех на Мила Рељиќ на Европското клупско првенство во Талин, Естонија/Фото: facebook.com/Taekwondo-klub-Tigri-Skopje-Macedonia

Македонското таеквондо повторно донесува врвни успеси на меѓународната сцена, после Дејан Георгиевски кој се закити со титулата европски шампион, во женска конкуренција златен медал освои Мила Рељиќ.

Рељиќ константно бележи добри резултати на турнирите, а еве сега сиот досегашен вложен труд се исплати и со освојување на европска титула.

Нашата таеквондистка на Европското клупско првенство во Талин (Естонија) беше првопласирана во категоријата сениорки -62 килограми.

Како што информираат од таеквондо клубот „Тигри“ – Скопје, после четири борби Рељиќ стигна до златото.

Беа остварени победи над натпреварувачки од Италија, Украина, претставничка од Египет која е членка на европски клуб и во финалната борба Мел Мина од Еквадор која тренира во Тортоса, Шпанија, поради повреда ја предаде борбата. И пред две недели беше совладана Мел Мина во финалето во Израел.

– Благодарност до Македонска Таеквондо Федерација чија огромна поддршка ни помогна многу до успехот за европски медали – пренесуваат од ТК „Тигри“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот