Златните правила за родителството на Метју Меконахи: Актерот има важна порака за сите родители!

метју меконахи
Метју Меконахи и неговата сопруга / Фото: Профимедиа

Актерот Метју Меконахи со својата сопруга Камила Алвес има три деца, два сина и ќерка. Во јавноста е познат и по тоа дека не сака неговата слава да им „удри во главата“ на неговите деца. За да го постигне тоа, добитникот на Оскар поставил основни правила за родителството.

„Бараме почитување и доверба во домот“, изјави актерот додавајќи дека користи и некои правила кои ги применувал и неговиот татко.

„Не дозволуваме лаги. Тие не смеат да изговорат „не можам“ и не смеат да употребат збор кој значи омраза. Тие зборови би можеле да ги донесат во голема невоља во нашиот дом“, нагласи Меконахи.

Иако се свесни дека нивните деца растат во богата средина, тие се трудат да им ги всадат вистинските вредности.

„Успешни сме. Имаме голема куќа. Нешите деца го сфаќаат тоа. Но ние не сакаме, ниту дозволуваме тие да мислат дека нивната вредност лежи во количината на парите кои ги имаме на банкарската сметка или фактот дека се деца на познати родители“, изјави тој.

Сепак, како што додаде, тие не сакаат нивните деца да се извинуваат поради тоа на било кого.

„Не сакам да се извинуваат ако децата во училиште им кажат „Се обложувам дека живееш во огромна куќа бидејќи твојот татко е познат“, сакам да кажат дека поседуваат голема и убава куќа бидејќи нивниот татко навистина многу работи за тоа“, заклучи актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот