Златниот Ѓорѓиев: Можеби сме мала држава но повторно докажавме дека имаме најголемо срце

Димитар Ѓорѓиев по четврти пат стана светски шампион во кик-бокс/фото: фејсбук/Димитар Ѓорѓиев

Димитар Ѓорѓиев по четврти пат ја освои шампионската титула во кикбокс. Најдобриот македонски кикбоксер по светските титули во 2011, 2013 и 2015 година во дисциплината кик-лајт, вчера го освои слатниот медал на СП кое се одржува во Италија и во дисциплината лоу-кик.

По освојувањето на златниот медал Ѓоргиев соопшти дека е горд и благодарен и на сите свои поддржувачи во кариерата.

„Златото е повторно дома… Сакам да се заблагодарам до сите луѓе што искрено се израдувавте на оваа наша победа!!! Благодарам до мојата фамилија, до мојата девојка која мора да ме трпи заедно си сите мои ангажмани, сите мои подржувачи низ цела моја кариера и мојот тим од КБК Работнички Адора и ВАКО Македонија. Можеби сме мала држава но повторно докажавме дека имаме најголемо срце!“, напиша Ѓорѓиев на социјалните мрежи.

Димитар Ѓорѓиев по четврти пат е светски шампион во кик-бокс

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот