Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

„Зимзоленд“ ќе си ги одработи и следните две недели, Општина Аеродром сè уште не реагира

Три недели непречено си работи „Зимзоленд“ и покрај утврдените неправилности, а со оглед на бавната реакција и непостапувањето на надлежните, пред сѐ на Општина Аеродром, очекувано е дека така ќе продолжи и во наредните две недели, поточно до 4 јануари, до кога организаторот најави дека ќе трае.

Речиси е неразбирливо како никој не е засегнат и не е загрижен за безбедноста на многубројните посетители на оваа манифестација.

Град Скопје се огради од одговорноста и побара градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески да постапи, но досега нема резултат од неговото постапување. Од  друга страна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски истакна дека „не може кој сака и каде сака да постапува реквизити во главниот град“. Но, се покажа, и тоа не само годинава, дека може, особено кога нема сериозна реакција од локалните власти.

Зимзоленд во „сити оф хаос“

Во врска со „Зимзоленд“ денеска повторно се огласија од Левица. Оттаму истакнаа дека е недозволиво и крајно алармантно што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот работи без соодветна дозвола, дека сè уште е отворен и секојдневно го посетуваат деца и семејства.

Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата. Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне, велат од Левица.

Оттаму бараат итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот