„Зимзоленд“ ќе се демонтира – рингишпилите две недели вртеле на диво, без никакви документи
Организаторот не бил регистриран како оператор со храна и воопшто не ја известил АХВ дека на „Зимзоленд“ ќе се продава храна
Општина Аеродром ќе го отстранува забавниот парк „Зимзоленд“, откако во него речиси две недели рингишпилите вртеле без никаква дозвола и потребна документација, објави „Телма“ откако општината ги потврди информациите. Општината, како што претходно објави телевизијата, вчера се прогласила за ненадлежна и прашањата за безбедноста и дозволите за „Зимзоленд“ ги пренасочувала кој Град Скопје. Сега, од општината велат дека организаторите сепак немале никакви документи и дека забавниот парк ќе се демонтира.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инспектори од четири институции: Градежната инспекција на Општина Аеродром, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Дирекцијата за заштита и спасување вчера влегоа во зимскиот парк и извршија увид.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека при вчерашната акција затекнале лица што вршеле нерегистрирана дејност. Тие ќе бидат казнети, а сопствениците на забавниот парк се повикани да ја достават целата документација, вклучително и онаа што покажува кој управувал со „Зимзоленд“.

Проблеми имало и со санитарните услови. При вонреден надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство утврдила дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и воопшто не ја известил Агенцијата дека ќе се продава храна. Поради неисполнети хигиенски услови, изречени се парични казни.
„Поради неисполнување на основни хигиенски услови за поставување на штандови на кои ќе се произведува и ќе се врши промет со храна, АХВ изрече мерки на секој штанд (на физички и на правни лица), но и на правното лице-организатор на манифестацијата „Зимзоленд“. Нему покрај парична казна од 500 евра, изречена му е и мерка времена забрана за вршење дејност производство и промет со храна,“ соопшти Агенција за храна и ветеринарство.
Во меѓувреме, МВР интервенирало на дел од сообраќајниот хаос, откако жителите на околните згради со денови реагираат на сообраќајниот метеж и бучавата кои ги создаваше, како што се покажа, дивиот лунапарк.
Почна манифестацијата „Зимзоленд“, а со неа и паркинг-кошмарите на лисичани


