Фото: Слободен печат / илустрација

„Жолто предупредување“ за поплави од силни дождови, граѓаните да внимаваат покрај реките

УХМР откри во кои делови од државата постои најголема опасност од поплави и излевање на реките

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска најавија обилни врнежи во крајните јужни и југоисточни делови на земјата, како резултат на циклонска активност за време на ноќта и утрешниот ден.

Според УХМР, се очекува зголемен водостој на реките и суводолиците во јужните и југоисточните региони. Особено е можно висок водостој во сливот на реката Струмица и Струмичкиот регион, на реката Анска и другите помали реки и суводолници во Гевгелиско-Валандовскиот регион (река Калковска) и Дојранскиот регион. Високи водостои се можни и во крајниот долен дел од сливот на река Вардар, на водотеците од планинскиот масив Кожув (реки Бошава, Дошница, Коњска, Кованска, Серменинска, Петрова и други), во Битолскиот дел од сливот на Црна река (река Елешка), како и во Охридско-Преспанскиот регион.

Доколку се остварат прогнозите за количините на врнежи, можно е на места да дојде до локални излевања во наведените речни сливови. Во тој случај, помалите реки и суводолници може да се активираат и да предизвикаат излевања на одредени локации.

УХМР апелира до граѓаните да бидат внимателни при движење покрај реките и суводолиците во јужните и југоисточните делови на земјата во текот на утрешниот ден.

Исто така, е издадено „жолто“ ниво за предупредување од поплави, поради постоење потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолниците во овие региони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот