Жоан Пењароја официјално е нов тренер на Партизан
Шпанскиот стручњак Жоан Пењароја е новиот тренер на српскиот кошаркарски клуб Партизан, објави шампионот на АБА лигата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По долги преговори, Партизан ја потврди информацијата за која се шпекулираше во медиумите со недели.
– Пењароја е новиот тренер на Партизан. Поранешниот тренер на Барселона, синоќа пристигна во Белград, каде што денес ќе ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на црно-белите – се вели во соопштението на Партизан.
Шпанскиот тренер досега ги водеше екипите на Барселона, Басконија, Валенсија, Манреса, Бургос и Андора.
Со тимот на Бургос, Пењароја двапати ја освои Лигата на шампионите на ФИБА (2020 и 2021 година), како и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.
Во стручниот штаб на Пењароја, како асистент ќе биде Урош Драгичевиќ, поранешен директор на Академијата Фуенлабрада и поранешен член на тренерскиот штаб на Монако.
Đoan Penjaroja je novi trener KK Partizan Mozzart Bet!⚫️⚪️
🔗 https://t.co/KMAnqKkErQ#KKPartizan pic.twitter.com/irSHY6yP3G
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) December 23, 2025


