ЖИВОТОТ Ѝ БИЛ СУРОВ: Познатата актерка од „Игра на тронови“ преживеала вистински пекол

Profimedia
Фото Профимедиа

Популарната Лина Хиди во „Игра на тронови“ толкува еден од најомразените ликови, Серси Ланистер, но тоа не ја прави помалку почитувана меѓу фановите на серијата.

Откако шоуто стекна голем број фанови низ светот, таа вели дека луѓето често ја гледаат со доза на омраза дури и во секојдневието, кога шета по улица или го пие своето кафе.

Иако сега е популарна, животот не ѝ бил отсекогаш лесен.

Таа се омажила за музичарот Питер Лугран во 2007 година, а во 2010 го добиле синот Вили. Периодот по породувањето бил најтежок за неа.

Таа од 15-годишна возраст страда од клиничка депресија која успевала да ја контролира, сè додека не настапила и постпородилната депресија. Алтернативните методи кои дотогаш успевале, сега не давале никаков резултат и морала да се обрати до класичната медицина.

„Не сакав да бидам зависна и да не можам да живеам без своите антидепресиви“, изјавила таа.

Во исто време се плашела и за својата актерска кариера. Била сосема свесна дека оваа професија е брутална и дека нејзино било да се појави на кастинг, а жири од неколку луѓе да одлучи дали таа е вредна за некоја улога.

Денеска, таа е разведена од својот сопруг и се грижи за нивниот син. Во исто време и живее во зенитот на својата популарност токму поради „Игра на тронови“. Кратко време била во романтична врска со колегата од серијата Џером Флин, но откако раскинале, тие се во толку лоши односи што продукцијата веќе не ни снима нивни заеднички сцени.

Во 2015 година таа повторно стана мајка, со режисерот Ден Кејден, кој е нејзин пријател од младоста. Во 2018 година тие се венчале, а нивниот брак е подобар од претходниот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот