Фото: Фејсбук

„Жикина династија“ добива продолжение: Во подготовка филмот „Луда година“ – еден актер сигурно се враќа

Некогаш не постоеше семејство кое при прикажувањето на „Жикина династија“ на ТВ екраните не се смееше на цел глас. Српската комедија која радуваше многу семејства и ги полнеше киносалите и денес е дел од семејниот репертоар на многумина кои со задоволство се присетуваат на лудориите на двајцата дедовци и нивните „луди“ совети кои му ги даваа на внукот.

Сега е одобрено снимање на продолжение на култната франшиза „Луда година“ за кое се смета дека исто така ќе има одличен успех:

„Иако поминаа речиси 30 години од претходниот филм од франшизата, благодарение на честите повторувања на ТВ, како и достапноста на Интернет, таа е позната на денешната публика, дури и на младите, па затоа може да се очекува овој филм да предизвика голем интерес“ – се наведува во соопштението.

„Луда година“ е продолжение, но и рестартирање на „Жикина династија“. Во центарот на приказната сега е внукот на Жика, Миша, кој, исто како и во оригиналната серија, ќе го игра Никола Којо. Наместо легендите Драгомир Бојаниќ-Гидра и Марко Торововиќ кои за жал се починати, во главната улога ќе се појави нивниот внук Миша кој ќе го игра Никола Којо кој играше и во претходната постава.

Тој сега е татко на две момчиња, од кои едното е тинејџер, на прагот на лудите години, а на нас ни останува да видиме дали тој ќе ги примени „лудите“ совети од неговите дедовци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот