Жесус е пол погодок за Арсенал, „топчиите“ го почестија Лестер со четири гола

Габриел Жесус го постигна првите голови за Арсенал во Премиер лигата/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Арсенал ја остварија втората победа во второто коло во Премиер лигата, а фантастично деби пред домашните навивачи имаше засилувањето од Манчестер сити, Габриел Жесус. Арсенал со 4:2 го совлада Лестер, а Жесус постигна два гола и имаше две асистенции.

Првиот гол на Бразилецот беше спектакуларен, тој со прекрасен шут го лобуваше голманот на гостите, а потоа во 35 минута зголеми на 2:0.

Лестер намали во вториот дел со автоголот на Салиба во 53 минута, но само две минути подоцна Жесус му асистираше на Гранит Џака за 3:1, а по уште една закана од „лисиците“ кои преку Медисон намалија на 3:2, точка стави уште еден Бразилец – Габриел Мартинели и тоа на асистенција на Жесус.

Шампионот Манчестер сити и повторно славеше, овој пат со 4:0 против Борнмут. Фановите на Сити не го дочекаа првиот гол на Ерлинг Халанд на домашен терен, но затоа за 37 минути игра видоа три гола, и тоа на Илкај Гундоган, Кевин Де Брујне и Фил Фоден, за во второто полувреме Лерма да си постигне автогол.

Александар Митровиќ пред минатата недела беше херој на Фулам давајќи му два гола на Ливерпул (2:2), на денешниот дуел против Вулверхемптон е трагичар. Србинот не го реализира пеналот во 81 минута, шутираше лошо во десната страна, а голманот на „волците“ Хозе Са немаше проблеми да го скроти ударот.
Натпреварот на денот го одиграа Саутемптон и Лидс. Гостите поведоа со 2:0 со головите на Родриго во 46. и 60. минута, но Саутемптон успеа да се спаси од пораз благодарение на головите на Арибо и Вокер-Петерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот