Жестока прозивка на ММА борец кој го обожува Трамп: Бојкотирате натпревари, а заработивте милиони

twitter/Colby Covington

Контроверзниот ММА борец, Колби Ковингтон ги нападна НБА ѕвездите кои ги бојкотираа натпреварите од плеј-фот.

Новиот случај на полициска бруталност во Висконсин кога со седум куршуми беше застрелан Џејкобв Блејк ги натера кошаркарите ви НБА лигата да започнат бојкот за да се крене свеста кај јавноста. Први кои го направија тоа се кошаркарите на Милвоки и Орландо, а потоа беа одложени и натпреварите ЛА Лејкерс-Портланд и ЛА Клиперс-Далас.

НБА играчите добија поддршка од јавноста, но има и некои кои сметаат дека тоа е само реклама. Станува збор за ММА борецот Колби Ковингтон кој е голем поддржувач на политиката на американскиот претседател, Доналд Трамп.


„Вау, ги одложивте вашите натпревари? Сакате да покажете дека навистина сте за промени? Тогаш откажете се од вашата работа која ви носи милиони долари и лесен живот во кој всушност играше само детски игри. Откажете се од голем дел од парите и прифатете ја најтешката работа во САД – станете полицајци“, напиша Ковингтон насвојот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот