Жешка есен на пазарите: Костените по 150 денари за килограм

Фотографија: Фејсбук страница Zemjodelie.mk

Портокалите се продаваат по 120 денари, јаболката по 50 денари, крушки може да се најдат за 80 денари…

Еден килограм костени на зелените пазари се продава по 150 денари, но поголемите достигнуваат и по цена од 180 денари. Граѓаните зајадливо прашуваат: „Кога сега се продаваат толку, колку ли ќе бидат на Бадник?“.

– Полека почнуваме да не можеме ни традицијата да си ја задржиме. Планирам да купам еден килограм костени и да ги ставам во фрижидер. Станува сè поскапо. Видете, еден килограм портокали е 120 денари, а сега е сезона на вируси и се препорачува внес на повеќе витамини – ни се пожали една жена што пазаруваше на скопскиот Зелен пазар.

Продавачите со кои разговаравме околу есенската понуда велат дека родот не им беше наклонет на плодовите, а и сè е поскапено, па и тие треба да заработат за да си ги платат сметките и да се прехранат.

Од есенските плодови на пазарите, нечистените ореви се продаваат по 300 денари за килограм, толкава е цената и на гравот, еден килограм јаболка и тиква се продава по 50 денари, пиперките по 70 денари, крушките од 80 денари па нагоре.

Продавачите велат дека ниту набрале ореви колку што очекувале, ниту пак гравот е со количини какви што имало минатата година.

– Оревовите дрвја во пролет беа богати со реси, ние по тоа заклучивме дека ќе имаме многу ореви. Но, ништо не бидна. Имаше многу дожд, се развија разни болести, се појавија паразити, имаше многу црви и не само што родот е мал, туку имаше и многу расипани ореви. Кога пребравме, малку остана, па и оваа цена по која ги даваме е ниска – вели еден од продавачите на зелените пазари.

Сезонава доцна се насадил и гравот поради дождовите кои не дозволија да се влезе во нивите, па еден дел не успеа да созрее

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот