ВИДЕО | „Жена од султана“ ечи во скопска градинка: Ајде играјте, да ве видам сите, децата ова слушаат

Деца во градинка играат на песната „Жена од султана“, Фото: Принтскрин/Јутјуб

Револтиран родител кој сака да остане анонимен, до редакцијата на „Слободен печат“ испрати видео снимка на која се гледа како воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им вика да играат и да пеат.

Песната која се слуша во позадина е „Жена од султана“. Дечињата играат, а воспитувачката им вика „Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам“. Потоа таа ги прашува од каде ја знаат песната и дали вакви песни им пуштаат и дома?

– Учителката ни го испрати видеото со цел да се „пофали“ што работеле дента, бидејќи таа не информира за дневните активности. Кога ја видов снимката ќе се онесвестев. По која програма им се пушта песната „Жена од султана“ не ми е јасно. Зарем нема доволно убави детски песни на кои децата можат да играат? Ако толку сакала да шизат, можела да им пушти некои диско песни, а не турбо фолк и кичерај – вели родителот кој се пожали во нашата редакција.

Инаку станува збор за градинка во скопската населба Карпош.

МТСП: Вонреден инспекциски надзор во градинката каде на децата им се пушта несоодветна музика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот