МТСП: Вонреден инспекциски надзор во градинката каде на децата им се пушта несоодветна музика

Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето.​

Министерството за труд и социјална политика одлучи да спроведе вонреден инспекциски надзор во градинка во скопски Карпош откако „Слободен печат“ објави видео од тоа како децата поттикнати од воспитувачката се „забавуваат“ со српска турбо фолк музика.

– Во врска со информациите, што беа објавени во порталот „Слободен печат“, дека во детска градинка во Општина Карпош на децата им се пушта несоодветна музика, Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека веднаш ќе испрати вонреден инспекциски надзор во соодветната установа за згрижување и воспитување на децата, соопшти МТСП.

Од таму потенцираат дека јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно – згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува.

– Надлежните  инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки, соопштија од МТСП реагирајќи брзо по објавата на „Слободен печат“.​

ВИДЕО | „Жена од султана“ ечи во скопска градинка: Ајде играјте, да ве видам сите, децата ова слушаат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот