ЖЕНА ОД БОСНА ГИ ИЗНЕНАДИ ГРАНИЧАРИТЕ: Вооружена до заби се обидела да излезе од државата

Фото: Профимедиа/Илустрација

Припадниците на граничната полиција од Биелина пронајдоа автоматска пупшта М-70 и два шаржери, за време на една гранична контрола на автомобил со италијански регистарски ознаки кој го возела држајанка на Босна и Херцеговина (57), пренесува „Еспресо“.

Автоматската пушка е откриена при обидот на неименуваната жена да излезе од БиХ, на граничниот премин Рача, соопшти граничната полиција.

Според информациите, во едниот шаржер имало 26 куршуми за пушката која има 7,62 милиметарски калибар, додека другиот шаржер бил празен.

Пушката, шаржерите и куршумите се одземени, а против жената ќе се води постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот