Воз во Индија // Фото: EPA/PIYAL ADHIKARY

Железничка несреќа во Индија: Осуммина загинаа во судир на возови

Најмалку осум луѓе загинаа, а неколку се повредени во судир меѓу патнички и товарен воз во централната индиска држава Чатисгар, јавува Ројтерс.

Во моментот на несреќата, товарниот воз бил запрен на шините, а патничкиот воз го удрил одзади, оштетувајќи ги првите неколку вагони од патничкиот воз.

Полицијата и спасувачките екипи се на местото на настанот, а властите најавија детална истрага за несреќата.

Ројтерс известува дека железничките несреќи не се невообичаени во Индија, истакнувајќи дека меѓу најлошите била 2023 година, кога се судриле три воза и загинале 288 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот