Општина Липково Фото: Куманоњуз

Земјиште се лизга во Кисела Вода кај Липково — општинскиот кризен штаб бара помош од надлежните служби

Кризниот штаб на општина Липково бара итна интервенција од надлежните институции поради појава на лизгање на земјиштето во месноста Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово.

Баран е итен увид и реакција од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Македонија пат“ и од полициската станица Матечје.

Од Кризниот штаб посочуваат дека е потребно институциите да излезат на терен и да направат увид во делот околу мелницата и на регионалниот пат што води кон влезот во селото Липково.

РЦУК Куманово пренесува и информација од „Македонија пат“ – Куманово, каде што укажале дека стручни лица од Градежниот факултет треба да го испитаат теренот за да се утврдат следните чекори и можните интервенции во селото Липково.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот