Земјата за која вратите на СЗО се затворени: Успешна против коронавирусот, но претставува политички „трн“

Фото: EPA-EFE/TAIWAN DEFENSE MINISTRY HAN HANDOUT HANDOUT

Тајван е една од ретките земји на светот која успешно го запре ширењето на коронавирусот без драконски мерки. Сепак, вратите на Тајван за Светската здравствена организација се’ уште се затворени.

И тоа заради специфичниот однос кој земјата го има со Кина.

Луѓе носат маски додека се молат за починатите на фестивалот Чинг Минг, кој се празнува со чистење и посетување на гробовите од најблиските, молење и ритуали за боговите /29 март 2020, Таипеи, Тајван/Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Во сабота, телевизијата РТКВ во Хонгконг емитуваше интервју со Брус Ејлвард, помошник на генералниот директор на СЗО, кој разговараше со новинарката Ивон Тонг преку видео-повик. Новинарката го прашала дали ќе биде преиспитана одлуката да се дозволи пристап на Тајван во СЗО, а тој рекол дека не ја слушнал добро и да премине на друго прашање.

Кога новинарката повторно го прашала за Тајван, Ејвлард го прекинал видео-повикот. Откако повторно воспоставиле врска, новинарката инсистирала на прашањето за Тајван, а Ејлвард одговорил: „Па за Кина веќе зборувавме“. Изгледа дека и тој го дели ставот со Кина за Тајван, додека Тајван самите себеси се сметаат за независна држава.

Реакцијата на Брус Ејлвард на прашањето за Тајван ја отвори темата за лошите односи кои Тајван ги има со Светската здравствена организација. Членството на СЗО се дава само на земјите членки на Обединетите нации – кои не го признаваат Тајван.

Тоа значи дека Тајван е исклучен од итните состаноци и важните глобални брифинзи на експертите за пандемијата на коронавирусот. Од тука прозлегува дека СЗО статистиките на Тајван ги наведува со кинеските и така ги крати вистинските информации за тој остров.

Луѓе поминуваат низ празните рафтови за тоалетна хартија во маркет во Таипеи / 21 март 2020/Таипеи, Тајван/Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Тајван гласно се противи кога е исклучен од некое глобално тело и овој пат вели дека тоа е дискриминирачки и нефер.

Овој пат утврди истото, додавајќи дека не треба да биде изоставен во време кога глобалната соработка е потребна повеќе од било кога претходно.

Се надеваме дека СЗО за време на оваа епидемија ќе сфати дека таа не ги почитува границите на државите и дека ниту едно место на светот не смее да биде изоставено, бидејќи секое такво место може да стане исклучок. Не треба да се занемари допринесувањето на било кое место“, рекол тајванскиот министер за здравство Чен Ши-чанг на неодамнешна конференција за новинари.

Тајван исто така истакна дека извлекле многу лекции за справување со епидемијата на коронавирусот кои би можеле да ги споделат со светот. Островот е познат за своето брзо и одлично справување со својата епидемија, која е релативно контролирана и забележани се многу малку смртни случаи.

Медицински тим присутен на метро станиците во Тајван, кој ја мери температурата на сите присутни /25 март 2020, Таипеи, Тајван/ Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Мерките вклучувале драстично смалување на летовите од Кина и наметнување на карантин на патниците уште на почетокот, што експертите велат дека е кулчно за запирање на ширењето во заедницата, како и строгите мерки на надзор на тие што се во карантин.

По интервјуто на Ејлвард, СЗО истакнале дека на прашањето за членството на Тајван не може да одговорат тие. Исто така е соопштено дека СЗО соработува со тајванските здравствени експерти и власти за да се осигура брз проток на информации и размена на најдобри пракси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот