ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА: Високите плати и одличниот стандард ја прават најпосакуваната земја за живот

Oваа мала евроска земја го превзема тронот на листата на „HSBC“ од Сингапур, титулата најдобра земја за живот која ја имаше речиси пет години.

Високиот животен стандард, конкурентските плати, но и стабилната и економската слика на Швајцарија, и помогнаа на земјата во ова време на глобална несигурност да се искачки за дури седум места.

Со економската клима во земјата се задоволни дури 80 проценти од анкетираните, додека дури 86 отсто од нив рекле дека се задоволни и од политичката состојба.

Околу 82 проценти од луѓето кои поради работа се преселиле во Швајцарија изјавиле дека уживаат во подобриот животен стандард во споредба со својата татковина.

Имено, дури седум од десет од оние кои се преселиле во Швајцарија сега уживаат во повисокото ниво на расположлив приход со годишна просечна плата од 111,587 долари – што е значително повеќе од глобалниот просек од 75.966 долари.

Покрај Швајцарија и Сингапур, на врвот на листата се наоѓаат уште и Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот