Зеленски ги предупреди странските претставници да не одат во Москва: „Чудна желба во овие денови“
Неколку минути пред обраќањето на претседателот Володимир Зеленски, руското Министерство за одбрана ги повика жителите и дипломатите да го напуштат Киев, заканувајќи се со потенцијален одмазднички напад во случај на украински удар за време на едностраното примирје.
Москва еднострано прогласи прекин на огнот од 8 до 10 мај во својата војна против Украина, но руската армија ги повика жителите да го напуштат Киев во случај на потенцијален одмазднички напад на тој ден, објави „Франс 24“.
Препорачано
– Исто така, добивме пораки од некои држави блиски до Русија, во кои велат дека нивните претставници планираат да бидат во Москва. Чудна желба… во овие денови. Не го препорачуваме тоа – рече Зеленски, зборувајќи во центарот на Киев во своето редовно видео обраќање.
Украина предложи контра примирје од 6 мај, остро критикувајќи го потегот на Русија како пропагандна мерка за да се заштити парадата, еден од најважните патриотски настани за рускиот лидер Владимир Путин.
– Тие сакаат од Украина дозвола да ја одржат својата парада, за да можат безбедно да излезат на плоштадот еден час, еднаш годишно, а потоа да продолжат да убиваат – рече Зеленски.
Неколку минути пред обраќањето на Зеленски, руското Министерство за одбрана ги повика жителите и дипломатите да го напуштат Киев, заканувајќи се со потенцијален одмазднички напад во случај на украински удар за време на едностраното примирје.
– Уште еднаш ги потсетуваме цивилното население на Киев и персоналот во странските дипломатски претставништва за потребата навреме да го напуштат градот – се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Путин не го ферма примирјето на Зеленски – Русија ја нападна Украина со дронови
Ова следува по сличното предупредување од Министерството за надворешни работи издадено доцна вчера, во кое се повикуваат дипломатите да се евакуираат.
За време на примирјето, руското Министерство за одбрана соопшти дека „целосно“ ќе го прекине огнот долж линијата на фронтот и ќе ги запре нападите со долг дострел врз воената инфраструктура. Доколку Украина не го следи примерот, Москва ќе одговори „со иста мерка“, соопшти Министерството.
Русија секоја година на 9 мај го одбележува Денот на победата во Втората светска војна со масовна воена парада на Црвениот плоштад.
Иако Путин со години ја користи Втората светска војна за да ја оправда инвазијата на Украина, засилените украински напади со дронови длабоко во Русија предизвикаа страв и немир пред овогодишниот Ден на победата.
Поради безбедносни причини, парадата во Москва е драстично редуцирана: за првпат по речиси 20 години ќе се одржи без воена опрема и тенкови, а бројот на странски гости е сведен на минимум. Дополнително, во главниот град има и повремени прекини на интернетот.
Во меѓувреме, мировните преговори се во ќор-сокак и во сенка на конфликтот во Иран, бидејќи Киев категорично го одбива руското барање за отстапување на четири региони.
Пентагон склучи договори со 7 гиганти за вештачка интелигенција


