Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Пентагон склучи договори со 7 гиганти за вештачка интелигенција

Компаниите „Опен АИ“, „Гугл“, „Нвидиа“, „Спејс Икс“, „Рефлекшн“, „Микрософт“ и „Амазон веб сервисес“ склучија договори со Пентагон со цел да се подобри обработката на податоците, разбирањето на ситуациите на терен и донесувањето одлуки во сложени оперативни услови, во мрежните системи со високо ниво на сигурност.

-Овие договори ја забрзуваат трансформацијата на војската на САД како сила што користи вештачка интелигенција и ќе ја зајакнат способноста на нашите сили да носат супериорни одлуки во сите области на војувањето, изјавија од Пентагон во соопштение до јавноста.

Договорите му дозволуваат на Пентагон да ја користи вештачката интелигенција за „секоја законска владина цел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот