Здравко Чолиќ го подарил станот во Сараево на воен инвалид

Фото: Промо албум

Српските медиуми пренесуваат балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ направил големо хумано дело за свој пријател во Босна и Херцеговина. 

Чолиќ го подарил станот во кој израснал во сараевската населба Грбавица, на својот пријател кој е воен инвалид, пренесува спрски „Курир“.

Здравко Чолиќ живеел во Сараево сè до почетокот на 90-тите години, кога избувна војната во БиХ, по што со семејството се преселил во Белград. Како што велат жителите на Сараево за „Курир“, кога завршила војната, Чолиќ одлучил својот стан да му го подари на пријател од Високо, кој е воен инвалид и кој останал без својот имот.

Како што велат сараевчани, тоа било гест за кој зборувала цела чаршија, а повеќето од нив и денес се сеќаваат на тоа. Тие раскажуваат дека освен овој стан, Чолиќ поседувал и викендица, а ја подарил на семејство од Фоча, кое во војната останало без покрив над глава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот