Здравјето не доаѓа секогаш од медицината и лековите: Руми – 10 мудри совети за полесен живот

Фото: Пиксабеј

„Здравјето не доаѓа секогаш од медицината и лековите. Најчесто потекнува од смирениот ум, смиреното срце и мирната душа. Здравјето потекнува од насмевката и љубовта“.

Руми е филозоф и поет чии зборови се олицетворение на мудроста и не учат како можеме да живееме поедноставно, со леснотија, исполнети со љубов и оптимизам.

Неговите насоки можете да ги примениме и во денешниот животен стил, а ние ви претставуваме неколку големи совети на Руми:

Фото: Пиксабеј

– Здравјето не доаѓа секогаш од медицината и лековите. Најчесто потекнува од смирениот ум, смиреното срце и мирната душа. Здравјето потекнува од насмевката и љубовта.

– Вашата работа не е барањето на љубов, туку барањето и пронаоѓањето на сите препреки во себе кои сами сте ги изградиле против љубовта.

– Некогаш бев паметен и сакав да го променам светот, денес сум мудар и се менувам себе си.

– Раната е место каде светлината влегува во вас.

Фото: Пиксабеј

– Кога ги правите работите од душа, чувствувате како реката на радоста тече во вас.

– Бидете благодарни на се што доаѓа, бидејќи се ви е испратено како насока и со намера.

– Зошто остануваш во затворот ако вратата е отворена?

– Кога ќе почнете да свртувате од патот, се појавува нова патека.

Фото: Пиксабеј

– Над идејата за тоа што е точно, а што погрешно лежи целта. Пронајдете ја!

– Бегајте од удобното. Заборавете на сигурноста. Живејте таму каде се плашите да живеете. Уништете ја својата репутација. Така ќе бидете вечно ослободени од оковите кои сами сте си ги ставиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот