Зборови на Ана Франк кои мора да ги знаат и вашите правнуци

Профимедиа

Ана Франк и во најтешките моменти не го изгубила позитивниот и оптимистички дух.

Ана Франк е симбол на борбата не само против нацизмот туку и нечовечноста во секој облик. Ана била девојче кога го пишувала дневникот и кратките приказни, но нејзините зборови и мисли покажуваат исклучителна зрелост и памет. Таа пишувала за животот, љубовта, добрината, а и во најтешките моменти не го изгубила позитивниот и оптимистички дух.

Се присетуваме на зборовите и цитатите кои не избледуваат, туку напротив, како времето одминува, звучат се посилно и помудро. Зборови против кои секое зло ја губи битката.

  1. Колку е убаво тоа никој да не мора да го чека моментот за светот да станува сè подобар.

  2. Има само едно правило кое мораш да го запаметиш: Смеј се на сè и заборави на останатите. Звучи егоистично, но тоа е единствениот лек против самосожалување.

  3. Навистина е чудо што не сум се откажала од сите свои идеали бидејќи изгледале така апсурдно и невозможни за остварување. Сепак, не се откажувам од нив, бидејќи и покрај сè верувам дека има добри луѓе.

  4. Луѓето може да ти речат да замолчиш, но тоа не значи дека не можеш да имаш и свое мислење.

  5. Спомените ми значат повеќе од фустаните.

  6. Сети се на сета убавина што е околу тебе и биди среќен.

  7. Големината на човекот не лежи во богатството и моќта, туку во карактерот и добрината. Луѓето се само луѓе и сите луѓе имаат недостатоци, но сите се раѓаме добри.

  8. Сфатив дека убавината секогаш некаде постои – во природата, сончевите зраци, слободата во тебе самиот-сето тоа може да ти помогне.

  9. Родителите можат да ти дадат добар совет или да те насочат на прав пат, но конечното формирање на нечиј карактер е во негови раце.

  10. Секој кој е среќен, ќе ги прави и другите среќни.

  11. На подолги патеки, најсилно оружје од сите е добрата и нежна душа.

  12. Таму каде што постои надеж, постои и живот. Таа нас не полни со свежа храброст и поново не прави силни.

  13. Сите живееме со желба да бидеме среќни. Нашите животи се различни, а сепак исти.

  14. Можеш да бидеш осамен дури и кога многу луѓе те сакаат, ако на никого не си му една и единствена.

  15. Среќата се заслужува правејќи добрини и работејќи, а не со озборување и со мрзеливост. Мрзливоста можеби е привлечна, но само работата го дава вистинското задоволство.

  16. Длабоко во себе, младите се поосамени од старите.

  17. Зошто некои луѓе мора да гладуваат, додека во другиот дел од светот постои премногу? Ох, зошто луѓето се толку луди?

  18. Не сакам да живеам залудно, како многумина. Скам да бидам корисна и да им донесам задоволство на сите луѓе, дури и на оние што никогаш не сум ги запознала. Сакам да продолжам да живеам и после смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот