Зарко ја освои пол позицијата во Брно
Возачот на Авинтија, Жоан Зарко направи изненадување во квалификациите во Мото ГП класата за трката на Големата награда на Чешка.
Францускиот возач дојде до својата прва пол позиција по пауза од две години, поточно од трката за ГН на Франција во 2018 година. Зарко на патеката во Брно дојде до 25. пол позиција во квалификациите благодарение на одличниот круг од 1:55.687 минути, што беше за три десетинки побрзо од возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро, кој пак беше најбрз во првите две трки.
Препорачано
POLE POSITION FOR @JohannZarco1!!! ?
Dream result for @realeavintia as the Frenchman sees off compatriot @FabioQ20 for a shock pole! ?#CzechGP ?? pic.twitter.com/gvfXVZWksu
— MotoGP™? (@MotoGP) August 8, 2020
Квартараро имаше шанса да го помине својот сонародник во финишот од квалификациите, имаше подобро време од Зарко но во финишот на кругот излета и остана без најдоброто време.
Третото најбрзо време му припадна на вториот возач на Петронас Јамаха, Франко Морбидели. Трката за ГН награда на Чешка која е трета трка сезонава ќе се вози утре од 14. часот.


