Запросување на Галичка свадба! (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

За време на 46. Галичка свадба, се случи уште еден интересен момент кој ги воодушеви сите присутни.

Имено, додека зетот и невестата го водеа орото, од групата се издвоија едно момче и една девојка. Во тој момент, момчето клекна пред својата сакана и ја побара за сопруга. Таа изненадена од самиот чин, беше многу возбудена, но сепак му одговори позитивно.

Инаку станува збор за Дамјан Колески и Билјана Макреска кои и двајцата потекнуваат од Галичник и се надеваат дека следната година, тие ќе бидат зетот и невестата на 47. традиционална Галичка свадба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот