Започнува 40. Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев” во рамките на „Отворениот ден” на УКИМ вечерва и официјално ќе го отвори  40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Самиот настан ќе започе со дефиле на учесниците почнувајќи од спомен-куќата на Мајка Тереза со почеток во 19:00 часот. Оттаму ансамблите ќе се движат до ,,Плоштадот Македонија” каде во 20:00 часот Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, официјално ќе го прогласат фестивалот за отворен.

Како земји-учеснички годинава ќе бидат Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.

Како што велат од друштвото, идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот