Започна судењето против Бензема, му се заканува затворска казна до пет години

Карим Бензема обвинет за уцена на репрезентативниот соиграч Валбуена/Фото: EPA/MARCELO SAYAO

Во судот во Версај денеска започна судењето против фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Францускиот напаѓач е обвинет за уценување на репрезентативниот соиграч Матје Валбуена во 2015 година, со уште четири лица, со секс снимка.

– Одлуката да му се суди на Бензема е апсурдна и сурова. Тој нема од што да се жали тука – вели адвокатот на Бензема, Силвен Кормие.

Францускиот закон предвидува максимална казна од пет години за дело на изнуда пари. Бензема со уште четири лица наводно побарале од Валбуена меѓу 50 и 100 илјади евра за да не се објави спорното видео.

Откако сè беше објавено во медиумите во 2015 година, францускиот селектор Дидие Дешан ги исфрли двајцата од националниот тим. Бензема не беше поканет во француската репрезентација пет години, до Европското првенство, кое се одржа летово.

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги дал условите под кои би можел да ги спречи сопствениците на снимката да ја објават во јавноста.

Бензема го негираше сето тоа, и сега случајот стигна до судот. Покрај централниот напаѓач на Реал, обвинети сè уште четири лица. Меѓу приведените е и поранешниот француски репрезентативец Џибрил Сисе, кој по сослушувањето беше ослободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот