Започна испитувањето на вакцината на учениците: Познати деталите од завршната фаза

Фармацевтската компанија Модерна денека соопшти дека првата доза од вакцината е во вториот дел од последната фаза на тестирањето на кандидатите кои влегуваат во старосната група од 12 до 18 години, пренеува Ројтерс.

Тестирањето се одвива во соработка со Биомедицинкото напредно истражувачко и развојно тело, кое е дел од министерството за здравство во САД.

-Со задоволство ви соопштуваме дека тргнавме во вториот дел од последната фаза на тестирањето кај здрави адолесценти во САД. Наша цел е да собереме доволно податоци до пролетта 2021 година, со кои би одобрила употребата на нашата вакцина во продолжението од учебната година – изјави Стефан Бансек, извршен директор на Модерна, а пренесува „Бизни вајер“.

Тој додаде дека е охрабрен од прелиминарните резултати и анализи од третата фаза на тестирањето помеѓу повозрасни од 18 години, додека тестирањето кај адолесцентите значително помага за да се обезбеди ефикасноста на вакцината кај помладата популација.

– Се надеваме дека ќе успееме да ипорачаме сигурна вакцина и да ги заштитиме помладите, така што ќе можат да се вратат на училиште во безбедни услови – вели Бансет.

Модерна планира со двете дози во период од 28 дена да тестираат 3.000 адолесценти во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот