Занаетчиите немоќни да се справат со кризата – бараат антикризни мерки

– Имаме обврска и мора заеднички да најдеме решение и во услови на пандемија да спречиме затварање на занаетчиски бизниси и отпуштање на вработени, велат од Занаетчиската Комора.

Со цел да ја одржат ликвидноста и бизнисот во услови на драстично намалена побарувачка на услуги и производи Занаетчиската Комора денеска се обрати до Владата и побара да се спроведат антикризни мерки.

– Имаме обврска и мора заеднички да најдеме решение и во услови на пандемија да спречиме затварање на занаетчиски бизниси и отпуштање на вработени поради неможност занаетчијата да го поднесе финансискиот товар, и да овозможиме да продолжат со дејноста и по завршувањето на пандемијата, се вели во соопштението кое денеска го објави Занаетчиската комора на Скопје.

Како што дополнуваат, особено на удар се услужните занаетчиски дејности, правни и физички лица кои вршат занаетчиска дејност (фризери, козметичари, маникир и педикир, масери) кои допрва ќе почувствуваат финансисиски потешкотии.

Од комората бараат ослободување од плаќањата на придонесите за вработените и самовработените во занаетчискиот сектор за време на траењето на пандемијата, субвенции за плати за вработени во занаетчискиот сектор како мерки за зачувување на работните места, итно формирање фондови за занаетчиство што ќе бидат користени во случај на криза, поволни кредитни линии и можност за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките.

Воедно предлагаат вклучување на локалната самоуправа, градот Скопје и општините со креирање на привремени мерки за ослободување од комунална такса за користење на јавни површини за занаетчии и комунална такса за фирма во периодот на почитување на мерките за спречување ширење на корона вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот