Замина последниот автобус – „Ова е етничко чистење“

Фото: EPA-EFE/MELIK BAGHDASARYAN /PHOTOLURE

Последниот автобус со ерменски бегалци ја напушти планинската енклава Нагорно-Карабах во Азербејџан, изјави денеска во Ереван портпаролката на ерменската влада. Назели Багдасарјан рече дека во Ерменија пристигнале 100.514 бегалци кои биле принудени да ги напуштат своите домови во енклавата. Другите пристигнаа со приватни автомобили, рече таа.

Багдасарјан рече дека многумина пристигнале со здравствени проблеми, а некои биле неподвижни. Азербејџанската влада со денови инсистираше на тоа дека нема основа за бегство и дека жителите ќе бидат интегрирани според правилата на земјата.

Сепак, на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се гледа како на авторитарен лидер, земјата нема новинарска слобода и е цел на критики за кршење на човековите права. Зборувајќи денеска во Баку, Алиев истакна дека Азербејџан се карактеризира со повеќе етнички заедници и религии. „Живееме како семејство“, ја пренесоа неговата изјава локалните медиуми. „Сега е време да се создаде слобода на Кавказ“, додаде тој.

Алиев претходно најави дека десетици илјади Азербејџанци ќе се преселат во Нагорно Карабах. Ерменија ја обвини владата во Баку за етничко чистење. Минатиот месец Азербејџан започна молскавична воена операција во Нагорно-Карабах, принудувајќи ја капитулацијата на самопрогласената Република Арцах, која не беше меѓународно признаена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот