Заложник и Гроздановска со две злата и сребро на меѓународниот коњички турнир во Самобор

Заложник со грлото Корадо во натпреварот со висина на пречките од 1,30м го освои првото место/Фото: Федерација на Коњички Спортови на РС Македонија

Македонските репрезентативци настапија на тродневниот традиционален меѓународен коњички турнир „Куп на Град Самобор“ одржан на 27, 28 и 29 август 2021 година во Самобор, Хрватска.

Нашата земја ја претставуваа Лука Заложник, Леонида Гроздановска и Сиља Дуковска во прекрасниот коњички центар „Етно Фарма Мирновец“.На овој настан учество зедоа вкупно шест држави и 198 натпреварувачи.

Заложник со грлото Корадо во натпреварот со висина на пречките од 1,30м го освои првото место.

Гроздановска со грлото Парадисо Силвано во натпреварот со висина на пречките од 1,10м беше второпласирана, а во натпреварот од 1,15м го освои првото место.

На турнирот во Хрватска учествуваа 198 натпреварувачи/Фото: Федерација на Коњички Спортови на РС Македонија

Нашиот најмлад учесник кој дебитираше на меѓународен натпревар Дуковска во натпреварот со висина на пречките од 1,00м ја освои 12 позиција од 39 натпреварувачи.

Тренерот Гроздановски како и Коњичката Федерација на Р.С.Македонија предводена од Г.Ристо Јосифовски се задоволни од постигнатите резултати на сите тројца наши претставници и се надеваат на нови и уште поуспешни резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот