Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Закана за бомба во домот на братот на папата Лав, полицијата го истражува случајот

Американската полиција денес истражуваше закана за бомба во домот на братот на папата Лав, Џон Превост, во областа на Чикаго, откако при претресот не биле пронајдени експлозиви или опасни материјали, пренесува Ројтерс.

Заканата за бомба била пријавена во вчера вечерта во домот на Џон Превост во Њу Ленокс, според медиумски извештаи кои се повикуваат на полицијата. Превост живее на истата улица што полицијата ја навела како локација на наводниот инцидент.

Полициската управа на Њу Ленокс соопшти дека истрагата продолжува за да се утврди изворот на дојавата.

„Поднесувањето лажни пријави од ваков вид е сериозно кривично дело и може да резултира со кривични пријави“, предупредија властите.

Полицијата им се заблагодари на заедницата за нивната соработка и трпение и ги повика сите што имаат информации за случајот да пријават или да поднесат анонимна пријава преку веб-страницата на Њу Ленокс.

Случајот дојде неколку дена по јавниот судир со американскиот претседател Доналд Трамп, кој објави долг напад врз папата – гласен критичар на американските и израелските воени операции во Иран.

Трамп го нарече папата Лав „слаб“ и „ужасен“

Папата претходно изрази загриженост поради заканата на Трамп дека „целa цивилизација ќе исчезне“ ако Иран не се согласи на американските барања за прекин на војната и отворање на Ормускиот теснец.

Лав, кој минатата година стана првиот папа роден во САД, претходно ја доведе во прашање и политиката на администрацијата на Трамп во однос на имиграцијата.

„Лав треба да си ја среди работата како папа“, напиша Трамп тогаш на платформата „Трут сошал“.

Последно, папата Лав ги критикуваше светските лидери кои трошат милијарди за војни и изјави дека „светот го уништуваат неколку тирани“, во невообичаено остри коментари за време на неговата посета на Камерун, објави „Би-би-си“.

Папата Лав: Светот го уништуваат неколкумина тирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот